Без врска дали сте фан на обложувалниците или сте фудбалски фанатик запален по европските лиги или Лигата на шампиони, вие посетувате сајтови за резултати. Но, доколку сакате да ги следите резултатите каде и да сте во реално време, тогаш ви се потребни мобилни апликации, и тоа добри апликации кои ќе ви праќаат нотификации за секој гол на вашите омилени тимови од секоја лига.
The Football App
Друштвена и преполна со новости, The Football App е апликација за следење на резултатите во повеќе од 100 фудбалски првенства и натпреварувања. Преку апликацијата може во живо да се следат резултатите на вашите омилени клубови, табели, новости, статистики и текстулано блогирање во живо на некои натпревари. Со новата верзија може да читате и коментари од други фанови кои постираат на друштвените мрежи. Преку Football App можете да ги видете најинтересните збиднувања на фудбалските терени, интервјуа и прес конференции, како и да прочитате како се одвивал натпреварот минута по минута. Апликацијата е достапна за сите платформи.
Live Score Addicts
LS Addicts овозможува следење на резултатите во живо од 300 првенства со можност за филтрирање на натпреварите кои се во живо, и пинување на натпреварите кои ве интересираат. Како кај претходната апликација, така и кај LS Addicts можете да ги прегледувате натпреварите минута по минута, голови, жолти картони и статистики. Дополнително може да се погледне и составот со кој настапиле тимовите, нуди сортирање на натпреварите според приоритет, а корисникот може да постави и да добива известувања за својот омилен клуб, натпревар или првенство. Има опција за сетирање известувања за голови и крајни резултати на различни натпревари, но во реалноста тие нотификации не работат најдобро и често знаат да доцнат. Live Score Addicts е достапна за iPhone, iPad и Android.
Live Score
LiveScore.com како еден од најпознатите сајтови за следење на резултатите во живо, покрај мобилна веб верзија е достапен и преку својата мобилна апликација за iPhone и Android. За разлика од претходните две апликации, LiveScore не содржи голем број на опции, но нуди можност за следење на огромен број на првенства и различни спортови, како и можност за самиот корисник да си постави на колку време да се обновуваат резултатите. Апликацијата е така дизајнирана што со компресирањето на податоците троши и минимален интернет сообраќај. Можете да ја преземете од iTunes или Google Play.
Sofa Score gi cita promenite na rezultatie i momentalno e najdobra app za rezultati.