3 мали игри за голема забава: Juna – The Dreamwalker, Wild Seas и SokoMage

Понекогаш, преку глава ни е од ААА игри на големите компании. Понекогаш, најголемата сатисфакција произлегува од најмалите места. Следниве три игри можеби се мали, но, доколку би им пружиле шанса, би можеле да се пријатно изненадите од едноставните, но крајно симпатични механики.

Juna – The Dreamwalker – бесплатно демо на Steam!

Како ретро инспирирана игра, Juna – The Dreamwalker е hack and slash RPG игра во која девојката со која играте може да се трансформира во најразлични суштества или предмети. Секој од суштествата, односно предметите се одликува со одредени уникатни способности кои ви помагааат полесно да ги совладувате пречките низ пикселизираниот свет.

Иако по големина, играта е исклучително мала и нема остави забележителен траг на вашиот диск, Juna – The Dreamwalker се одликува со 30 часовна кампања полна со мистериозни храмови, предизвикувачки зандани, безмилосни пустини и густи шуми. Играта излезе пред година дена, но причината поради која пишуваме дури сега за неа е најновото надолнување. Имено, од неодамна Juna – The Dreamwalker може да се игра во подобро графичко опркружување. Играта содржи бројни визуелни подобрувања, оптимизирани перформанси и критични исправки на багови.

Скок од 16-пиксели на 32-пиксели графика!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: WinterLyrics
  • ИздаваWinterLyrics
  • Жанр: RPG
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 8 август 2023

Wild Seas неодамна излезе за Xbox!

Од малото инди студио DuDeeki неодамна излезе Wild Seas и за конзолите на Microsoft. Претходно, играта привлекуваше минимално внимание на Steam со уникатните Tower Defense стратешки елементи и симпатичната графика. Во Wild Seas е потребно да ставите крај на злобните пирати така што ќе градите најразлични кули и одбрамбени механизни.

Моментно, играта е достапна за сите познати платформи!

Во Wild Seas имате на располагање четири уникатни мапи, шест кули и десетици непријатели. Не изгледа многу затоа што навистина не е многу. Но, за една до две сесии е сосема доволно!

Повеќе детали за играта

  • Произведува: DuDeeki
  • ИздаваDuDeeki Studio
  • Жанр: Tower Defense стратегија
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 27 јуни 2024, за Xbox

SokoMage е уникатна игра со решавање загатки која од неодамна е достапна за конзолата на Microsoft

Доколку одамна не сте биле здраво исфрстрирани од предизвикувачки загатки, ви препорачуваме да ја проверите штотуку излезената игра на Afil Games на Xbox конзолите. Во SokoMage помалку ќе правите магија, а повеќе ќе туркате камења, ќе избегнувате грмушки и ќе шамарате кристали.

По една година гостување на Steam и PS4/5 играта ја направи транзицијата и за Xbox Series S/ X

Преку едноставни контроли и во едноставни графички околини ќе навлезете во 30 уникатни мапи во кои ќе треба да туркате камења. Дефинитивно е покомплицирано отколку што го правиме да изгледа и ви препорачуваме да навлезете во играта само доколку имате коса за скубење. Во спротивно, SokoMage само ќе излезе мала игра за голема мака. :)

Нека не ве лаже едноставната графика, има огромен предизвик во SokoMage

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Afil Games
  • ИздаваAfil Games
  • Жанр: загатки
  • Платформа: Microsoft Windows, конзоли
  • Излезе на: 27 јуни 2024, за Xbox

Тоа беа трите помалку познати, но подеднакво интересни игри кои ги одбравме за вас. Дали би играле нешто од ова, или пак можеби имате вие некоја игра да ни препорачате?

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk