3 мали и евтини игри за голема забава

Евтино и мало не значи и неквалитетно. За оваа прилика, одбравме три евтини, ситни, но динамитни наслови кои ќе пробаат да ве забават со крадење животни, елиминирање непријатели преку фрлање коцки, или пак доброто, старо уништување зомби и вонземјани!

Zombies, Aliens and Guns – 300 денари

Нашата „најскапа“ игра за денеска доаѓа од 9Ratones и SergioPoverony. Под верното око на издавачите, Ratalaika Games, овојпат се провлекува едноставна акциона 2.5 игра со ретро-инспирирана графика, електронска музика, и огнени оружја. Многу огнени оружја!

Во Zombies, Aliens and Guns вонземјани започнуваат ефикасна инвазија така што ги претвораат луѓето во безумни зомби чудовишта. Сами или со пријател, ќе имате за задача да поминете низ 33 стази и да уништите се што ќе се осмели да ви излезе на патот. Секоја од стазите се одликува со одредени непријатели, арсенал од оружја/ надградби, како и разнолики цели. Во една ситуација треба да придружувате едно лице, во друга треба да издржите одредено време, во трета да ликвидирате бос, и така натаму.

Од една страна, ни се допаѓа како се „ниша“ камерата во зависност од правецот во кој се движи вашиот лик, но, од друга, разбираме како ваквото нешто не би им се допаднало на сите. Паралелно со ова, сметаме дека контролите се премногу „крути“ и нема флуидност во движењето, особено кога ќе бидете опкружени од бројни непријатели од сите страни.

Иако Zombies, Aliens and Guns знае да понуди солидна забава во мали дози, поголемиот дел од гејмплејот се сведува на фрлање во едноставно-дизајнирани мапи каде се соочувате со бранови и бранови од непријатели. Најсветлата точка е тоа што не мора низ ова да поминувате сами и можете без проблем да повикате пријател да ви се приклучи на краткотрајната забава. Иако има над 30 стази, Zombies, Aliens and Guns сепак е исклучително кратка игра и, доколку се решите, ќе поминете низ поголемиот дел од нив за само едно попладне.

Sokobalien – 100 денари

Sokobalien можеби изгледа како игра со едноставни механики, но бара многу логичко размислување и експериментирање. Играјќи како вонземјанин, потребно е да крадете крави, овци, прасиња и кокошки, се со цел да можете да си направите ваша лична вселенска фарма. Таквото нешто, меѓутоа, воопшто не е лесно.

Sokobalien неодамна излезе за Playstation 4, Playstation 5 and Nintendo Switch!

Сите мапи се дизајнирани на тој начин да можете да се движите само од коцка во коцка. Целта е да ги „изгурате“ животните во кругот над кој се наоѓа вселенскиот број, како би можеле истите да бидат ефикасно украдени. Арно ама, мора да внимавате животното да не биде гурнато во погрешен правец или да не се „залепи“ до друго животно (нема да можете да гурате две животни кои се едно-до-друго).

Играта се одликува со запрепастувачко многу мапи (100 мапи), а секоја наредна ве запознава со дополнителни предизвици. За среќа, вашиот труд ќе биде наградуван со златни парички со кои, подоцна, ќе можете да купувате најразлични капи.

Dice Assassin – 150 денари

Иако одредени визуелни одлуки би можеле да ја прикажат Dice Assassin како да е интересен спин оф на класичниот шах, сите сличности со шахот почнуваат и завршуваат со таблата на која се одигрува целата акција. Dice Assassin е, всушност, уникатна roguelike стратегија во која користите најразлични карти за да се тактички позиционирате и да ги ефикасно елиминирате непријателите.

Шпил од деструктивни карти

Нападите кои ги извршувате се директно врзани со картите кои ќе решите да ги одиграте. Секој од понудените напади се одликува со одредени предности и недостатоци, нешто што играта не ви го кажува пред време, туку остава на вас да откриете преку експериментирање.

По одредено време, точно ќе знаете која е најдобрата карта која би можеле да ја искористите за одредена ситуација. Благодарение на непредвидливиот и ограничен шпил од карти кој го добивате, Dice Assassin нуди разнолика забава каде е потребна и здрава среќа за да ја извлечете ултимативната победа.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk