„Оваа бројка ги надмина нашите очекувања, а тоа е уште една потврда дека во Македонија постојат многу млади ентузијасти кои што се подготвени да придонесат со својата иновативност во обезбедување на повеќе вредност за сите македонски граѓани при користењето на ваков вид на паметни телефони.“ вели Никола Љушев извршниот директор на Vip.
Сега следува втората фаза. Програмерите имаат до 1 август да ги изработат апликациите, односно истите да функционираат и да се пријават на Android пазарот и кај Vip. А потоа од 01.08 до 20.09 ќе се избираат најдобрите, најкреативните и иновативни апликации и ќе се прогласи победникот.
Повеќе за натпреварот можете да најдете на форумот на IT.com.mk или на android.vip.mk.








Имам VIP андроид ZTE racer и секогаш кога сум на на WIFI и кога ке се исклучи WIFI (случајно) автоматски ми се уклучува интернетот, па прашувам како да ја деактивирам функцијата за автоматско вклучување на интернетот.
прашај на форум сигурно ќе најдеш решение на проблем
Одлично 2 од тие 212 се мои… :-)
Па ние сме биле програмерска велесила за Android!!!
Како беше она: „Народ што има ваква младина, не треба да се грижи за својата иднина“ (се разбира, ако младината не емигрира :) )
oooo браво
Браво!
Секоја чест ! Не очекував толку многу