2 коментари 1 мин. читање

Следење на корисниците со AdBlock можеби е против европските правила

Детектирањето на корисници кои користат AdBlock можеби е против-законско. Според Александер Ханиф oд Тhink Privacy Inc., сајтовите кои детектираат „ad blocker“ софтвер го нарушуваат правото на приватност на корисниците, и наскоро оваа пракса ќе ја изнесе пред суд. Писмото кое го сподели г. Ханиф изгледа дека потекнува од Европската комисија, и датира од крајот на февруари.

За детектирање на корисниците кои имаат AdBlocker екстензија сајтовите треба да инсталираат интернет колаче. Сепак, доколку ова не им е најавено на корисниците тогаш не е легално, во Европа сите сајтови мора јасно да нагласат дека користат веб колачиња, и со тоа сајтовите го прекршуваат законот за приватност, вели Register. Доколку издавачите се принудени да ги прашаат корисниците пред да дојдат до овие податоци, тогаш или треба да ја скријат содржините од прелистувачот пред да добијат дозвола или да ја остават содржината достапна пред да ги покажат содржините.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top