0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Стартапи, пријавете се на Spark.me Startup натпреварот

Една од најголемите меѓународни ИТ конференции во регионот, Spark.me, ги повикува сите стартапи да се пријават на Sparkme Startup натпреварот до 4-ти мај. Натпреварот ќе се одржи во Будва на 28 и 29 мај, а победникот ќе има можност да учествува на TechCrunch Disrupt.

Она што натпреварот им овозможува на учесниците е пристап до советници, ментори, работилници, мрежа на инвеститори, но и индустриски експерти и претприемачи. Пред финалната фаза ќе има и преселекција, а по ова 10 стартапи ќе можат да се претстават во финалето. Можноста за претставување на TechCrunch Disrupt најверојатно ќе биде огромна мотивација за голем дел од стартапите во регионот да се појават во најдобро светло на еден од најпрестижните стартап натпревари. Заинтересираните можат да се пријават за учество до 4 мај, а финалето ќе се одржи на 28 и 29 мај.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top