САД бара од Apple да го отклучи iPhone за криминални случаеви

Apple беше во право во спорот со FBI. Штом еднаш ќе се отклучи iPhone за еден криминален случај, ќе следат уште барања. Овој пат американското Министерство за правда бара отклучување на iPhone во случај за трговија со наркотици. Барањето е потврдено и од судија, кој смета дека барањето до Apple не ги пречекорува законските овластувања, пренесе BBC.

Тоа што е чудно во случајот е што FBI успеа сами да го отклучат телефонот на терористот од Сан Бернандино, и иако претпоставките беа дека имаат алатки да ги отклучат сите iPhone телефони, сепак се чини дека методот функционира единствено на постарите модели. Во споменатиот случај со наркотици станува збор за понов телефон. Телефонот на напаѓачот од Сан Бернандино е iPhone 5c, а телефонот во овој случај е iPhone 5s со понова верзија на iOS.

Apple повторно одби да соработува со властите, велејќи дека и овој пат федералните агенти сакаат да воспостават легален преседан кој ќе овозможи во иднина побрзо да дојдат до податоците од телефоните. A доколку во иднина Apple креира оперативен систем кој нема да можат да го пробијат, веднаш ќе побараат пристап до податоците на телефоните од компанијата.

Но, во овој случај FBI не бара од Apple да креира оперативен систем со „разводенета“ безбедност што би претставувало опасност за приватноста и на сите други iPhone уреди; туку бара пристап до податoците, па Аpple нема да може да ја искористи истата одбрана. Сепак, компанијата веќе еднаш објасни дека немаат начин да дојдат до податоците на поновите уреди.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments