Само 57 отсто од корисниците на Facebook постираат содржина еднаш неделно, а само 39 отсто од оваа содржина е уникатна. Ова е една причина поради која социјалната мрежа сериозно се фокусира на нови функционалности за споделување на видео содржина. Последниот новитет кој го додаде Facebook е пребарувањето на видео содржини, што е овозможено со додавање на тагови на видеата кои потоа ќе се користат во пребарувањето.
Додавањето на нови оригинални видео содржини треба да биде замена за се помалиот број на уникатни содржини од пријателите. Бројот на постови на корисниците помлади од 30 години кои се однесуваат на настани е се помал, иако оваа содржина е најинтересната на Facebook. Можеби тука Facebook има конкуренција од Snapchat кој е популарен кај помладите корисници и Тwitter кој е поактивен кога има настани. Сепак за Facebook да го зголеми бројот на нова оригинална содржина, поважни му се алатките за креирање на содржина, отколку алатките за пребарување. „За жал, срамота е колку застарени се алатките за споделување на содржина“, вели Џош Константин од TechCrunch, додавајќи дека на социјалната мрежа и недостасуваат напредни, но и елементарни алатки за споделување на содржина.
Еден адут кој го има Facebook е неговата апликација за чет – Messenger која е меѓу најпопуларните, и која влегува на плановите да го прошири влијанието на Facebook. Сега компаниите на Messenger ќе можат да добијат @КорисничкоИме кое наместо барањето по url, ќе доаѓа директно под името на Facebook страните. Компанијата објави дека ќе го користи црногорскиот m.me/username за креирање на кратко url за компаниите. Ова е само продолжување на соработката со Domain.me, а компанијата и досега го користеше fb.me. Освен овие новитети наскоро социјалната мрежа ќе им овозможи на компаниите да креираат сопствена порака за поздравување на корисниците.
Најверојатно најинтересната вест е што Facebook ќе дозволи чет автомати. Најавите се дека на својата Facebook F8 конференција, мрежата ќе претстави четбот за компаниите кој ќе биде интегриран во Mеssenger апликацијата. Според најавите кои доаѓаат четботот ќе биде плагин за Messenger и нема да доаѓа директно од компанијата, туку од нивни партнери, засега нема најава кои се партнерите. Интересно е што ова е втор пат за кусо време некоја компанија да најави API и алатки за персонализирање или креирање на автомати за разговор. Неодамна Microsoft на својата конференција објави дека ја отвора својата платформа и ќе овозможи поедноставно креирање на четбот.
[…] на Facebook. Чет-ботовите на Facebook неофицијално беа најавени минатата недела, а сега само се потврдени […]