Facebook сака да биде платформа за буквално сѐ. Последната надградба ќе им овозможи да стримаат видео во живо, претварајќи ја друштвената мрежа во платформа за гејминг, следење концерти во живо или пак место за граѓанско новинарство каде корисниците создаваат актуелни содржини.
Стримингот станува интересен за сѐ поголем број на корисници, но она што би можело да се појави како проблем е покрај големиот број на иновации најголемата социјалната мрежа ќе заличи дека каска зад Twitter, кој од поодамна го има Periscope кој овозможува стримaње, а најголемиот конкурент барем во моментов им е Meerkat. Што се однесува до воведувањето на сервисот, Facebook е навистина претпазлив. За почеток стримот ќе биде овозможен на мала група iPhone-и во САД, а полека ќе биде овозможен на други платформи и региони.
Сепак стримањето во живо може да ја актуелизира темата од која најмногу стравува Facebook – а тоа е приватноста. Со стримање во живо постои опасноста од нарушување на приватноста. Социјалната мрежа веќе има сериозни проблеми во Европа, па доколку законодавците се посомневаат дека повторно ја злоупотребува својата положба, ќе следат истраги и казни, можеби дури и забрана на сервисот. Сепак, доколку Facebook успее да ги надмине проблемите со приватноста, има огромна предност пред конкурентите. Речиси сите со кои би сакале да ги споделите видеата се веќе присутни на социјалната мрежа, па слично како и за сите останати промени, бројот на корисници е огромна предност.
[…] Закерберг е опседнат со стримовите во живо и поради ова социјалната мрежа го прави стримот […]
[…] и на социјалната мрежа која сега прераснува во платформа за сé. Годинешниот извештај „State of connectivity“ вели дека […]
[…] не завршуваат тука, Facebook на брендовите ќе им овозможи функционалност за live video stream, за разлика од другите надградби оваа за почеток ќе […]
[…] мрежа, редизајнирани Notes, стримање на видео во живо… како што веќе очекуваме, Facebook станува платформа за […]