0 коментари 1 мин. читање

1337 Giveaway #48: Подаруваме Gembird 7-портен USB 3.1 Hub

Како што e веќе добро познато, средината на месецот е резервирана за месечниот giveaway! Решивме да го „расчистиме“ твојот сетап и да ти помогнеме да свтавиш крај на нервозите кога фали уште еден USB порт.

Овој месец, еден 1337 член ќе добие Gembird UHB-U3P7P-01 – USB 3.1 (Gen1) хаб со дури 7 порти.

Зошто ти е потребен овој ѕвер?

  • Супер брз уред кој овозможува трансфер на податоци до 5Gbps.
  • Има 7 порти, доволно за маус, тастатура, два екстерни диска, камера и уште некој гаџет плус.
  • Доаѓа со сопствено напојување, што значи дека нема да „збуни“ дури и ако приклучиш уред што ќе влече повеќе струја.

Правила за учество

Како и секогаш, правилата се кратки и јасни:

  1. Мора да имаш активно 1337 членство во моментот на извлекувањето.

Тоа е тоа. Ако си премиум член, веќе си во игра!

    Кога е извлекувањето?

    Името на добитникот ќе го извлечеме и објавиме со помош на Random.org на 27.02.2026.

    Инфо: Доколку сè уште не си дел од 1337 екипата, и сакаш да го поддржиш IT.mk и да учествуваш во месечните наградувања, информирај се за премиум членството тука.

    Напишано од

    IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

    Коментари

    Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

    Најави се и отвори тема

    Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

    Мени
    Заедница
    Изглед
    To top