0 коментари 2 мин. читање 19 февруари, 2016

Facebook ќе брои изгледани секунди, наместо прегледи на видеата

Facebook продолжува со определбата да го замени целиот интернет. Најново од социјалната мрежа е обид за привлекување на креаторите на видео содржина со промена во броењето на видеата. Наместо „views“ сега ќе се бројат изгледани секунди.

Page Insights for videos сега ќе вклучува метрика за прегледани минути, прегледи подолги од 10 секунди, прегледи, број на различни корисници кои го прегледале видеото, процент на корисници кои го изгледале целото видео, повратна публика, и просечна должина на преглед, јави TechCrunch.

Facebook се обидува да стане платформа за сé, но барем засега видео прегледите се повеќе случајни отколку намерни. За разлика од YouTube каде корисниците знаат точно што сакаат да видат, на Facebook гледаат она што им е презентирано. Дел од овие содржини се од пријателите, но дел се спонзорирани. Најверојатно оваа статистика далеку покорисна ќе биде за брендовите кои ќе дознаат кога имаат поголемо влијание нивните видео реклами. На пример, доколку корисниците ги гасат по видеата за побрзо од 10 секунди поентата на рекламата ќе мора да биде побрзо презентирана.

facebook-video-gif-clear-2

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top