Samsung Galaxy S7 ќе биде водоопторен и со безжично полнење

во Мобилни

Новата верзија на Samsung Galaxy, S7 и дефинитивно ќе биде водоотпорна. Телефонот официјално ќе биде претставен на Mobile World Congress во Барселона, но досега се објавени доволно податоци и самите да можете да си го склопите телефонот. На само неколку дена пред официјалното излегување Samsung ја презентираше официјалната тизер најава за Galaxy S7. Доколку судиме по видеото телефонот доаѓа со безжично полнење. Засега нема официјална потврда од Samsung, но новиот телефон ќе има IP68 стандард за водоотпорност, вели Phone-Probe. Што се однесува на видеото и делот со дожд, Samsung вели дека е ставена за драматика, и сепак корисниците не треба да ги потопуваат своите телефони.

Од претходните шпекулации „дознавме“ дека се враќа читачот на отпечатоци за отклучување на телефонот. Повторно ќе има две верзии S7 и Edge S7, процесорите на телефоните најверојатно ќе бидат Snapdragon 820 или Exynos 8 Octa 8890, во зависност од регионот. Екранот ќе биде AMOLED со 1440х2560, а најавено е и враќање на microSD картичката.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk