Microsoft успева да го освои мобилниот свет не со хардвер, туку со апликации

во Мобилни, Софтвер

Microsoft објави дека има 74 Android партнери во 25 држави кои ќе ги преинсталираат Windows апликации во нивните телефони. Acer е последниот кој се приклучи на оваа листа, јави Gadgets. Ова е огромен успех на директорот Сатја Надела кој веднаш кога дојде на чело на Microsoft, најави враќање на компанијата на старата пракса на освојување на пазарот со софтвер. Дополнително, овој пат Microsoft доаѓа на мобилна платформа и на сервисите во облакот кои се приоритет на компанијата.

Samsung, Cyanogen, Sony и LG се дел од производителите кои во своите телефони ќе спакуваат апликации на Microsoft, како Word, Excel, OneDrive, OneNote, Outlook, PowerPoint и Skype. Дополнително, ќе бидат преинсталирани и говорниот асистент Cortana, Arrow Android, Next Lock Screen, Picturesque Lock Screen и Mimicker Alarm, кои се дел од новите апликации што ќе бидат инсталирани на ривалските платформи. Од неодамна Microsoft е сопственик и на SwiftKey, која е помеѓу најпопуларните тастатури за Android, а компанијата работи и на освојување на iOS, каде се подеднакво успешни.

Компанијата минатата година имаше само 20 вакви партнерства, бројка што ја покачија на вкупно 73 само по една година. Иако Microsoft има огромен успех на Google Play и App Storе, сепак најави дела не е подготвен да се откаже од својата Windows Phone платформа.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk