0 коментари 1 мин. читање

LG претстави паметна маска за својот иден телефон G5

LG G5 би требало да биде најдобриот телефон на јужнокорејската компанија. Но, иако уште не е претставен, LG веќе се обидува да го привлече вниманието на корисниците со претставување на паметни додатоци за телефонот. Станува збор за навистина кул маска за телефонот која покрај заштита на екранот, функционира како мал екран на допир преку кој се стартуваат некои опции, јави Android Police.

Заштитата е полупровидна и овозможува низ неа да се види дел од екранот, и да се одговори на телефонски разговори. Дополнително, еден дел од навлаката е потполно откриен, па корисникот може да го провери часовникот или дополнителните нотификации. Маската на LG G5 помалку наликува на Dot View за HTC од пред неколку години, иако се чини дека растојанието помеѓу „точките“ е пократко, па и резолуцијата на маската е далеку подобра.

lg-g5-quick-cover1

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top