Twitter ќе имплементира тајмлајн налик на оној на Facebook, за да им прикажува на корисниците твитови кои ги пропуштиле. Корисниците кои често ја користат друштвената мрежа нема да забележат разлика, но на останатите кои се логираат поретко ќе им бидат прикажани твитови кои ги пропуштиле. Изборот на твитовите се прави со алгоритам, а зависи од времето помеѓу проверките и бројот на профили кои ги следи корисникот. Промената во тајмлајнот е замислена како промена на „while you were away“ функционалност, а замислата е најпрво да бидат презентирани најдобрите твитови кој корисникот ги пропуштил, а потоа сѐ друго. Изборот за презентација ќе зависи од органските ретвити и лајкови.
Разликите и за корисниците кои поретко ги проверуваат содржините ќе бидат минимални. Новата функција најпрво ќе ги прикаже најдобрите твитови што корисникот ги пропуштил, а потоа со скрол се враќа кон оригиналниот фид на најновите твитови. Иако првенствено беше најавено дека делот со постарите твитови нема да има реклами сепак, AdAge јавува дека реклами сепак ќе бидат прикажани. Имплементацијата на новиот тајмлајн барем засега мора да ја вклучи корисникот, а основното нагодување на финкцијата во апликацијата ќе биде исклучено.







