1 коментар 1 мин. читање

Пол Макартни направи музички емотикони за Skype

Споделете ја љубовта со Skype и Пол Макартни! Познатиот музичар на Битлси e автор на музичките емотикони кои ќе се појават на време за Денот на вљубените. Споделувањето на новите емотикони, по ништо не се разликува од стандардните, а единствената разлика е музиката, чиј автор е токму г. Мекарти.

„Пол го сака Skype и инспириран од веќе постоечките Mojis, беше возбуден што може да го позајми гласот. Но и ние бевме воодушевени од соработката со Пол, и ова беше огромен креативен предизвик за нас“, вели тимот на Skype на својот блог. Промената на Skype е веќе започната, а новите емотикони се додаваат истовремено на најновите верзии на Skype за Windows, Mac, iOS и Android.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top