100 милиони долари за рекламирање на Snap

Студиото Time Warner се договори со Snap. Договорот за рекламирање и за оригинална содржина, што го потишаа двете компании е проценет на околу 100 милиони долари, јави Wall Street Journal.

Договорот го обврзува Time Warner да креира 10 оригинални шоу програми за Snapchat годишно. Компаниајата се обврзува да купи и рекламен простор за HBO, Turner и Warner Bros на друштвената мрежа. Засега договорот е во период од 2 години.

„Ова партнерство е уште еден возбудлив чекор за нас. Продолжуваме со разгранувањето во нови жанрови, драма, комедија, дневни шоу програми, документарни серии и повеќе“, вели Ник Бел од Snap.

Станува збор за навистина куси серии и програми со траење помеѓу 3 и 5 минути. Snap има договори со повеќе компании од забавната индустрија и спортот. Time Warner ќе им се приклучи на ABC, NBC, ESPN, NFL и повеќе други креатори на содржина.

Засега е нејасна содржината која Time Warner ќе ја понуди на Snap. Останатите шоуа и музички емисии овозможуваат кус преглед зад сцената или дополнување на оригиналната програма. Спортските канали и лиги овозможуваат споделување на најдобри моменти од натпреварите. Слично, на концертите на музичките ѕвезди, корисницните на друштвената мрежа ќе можат да ѕирнат зад и на сцената.

Snapchat е една од највозбудливите друштвени мрежи во моментов. Најголема предност на друштвената мрежа е што успеа да ги привлече новите генерации. Тинејџерите полека го го губат интересот за Facebook, а токму оваа публика е најбројна на Snap. Сепак, иако постојано пронаоѓа нови начини за монетаризација компанијата сè уште работи со загуби. Компанијата во трите месеци пред мај загуби 188 милиони долари.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments