Луди фанови успеаја да го пронајдат Millennium Falcon на Google Maps

0 коментари 1 мин. читање

Не можете да скриете весленски брод во тврдина од контејнери. Ова неодамна го дознаа од Lucasfilms, кога JediNewsUK ја сподели сателитската снимка на која се гледа Millennium Falcon.

Бродот е скриен до љубопитните погледи на земја, но контејнерите не можат да го скријат од сателитските снимки. Локацијата на која е забележан бродот е во Longcross Studios во Англија.

Со оглед на тоа дека ова не изгледа на постојана локација на која ќе се наоѓа „бродот“, најверојатно наскоро ќе биде поместен. Millennium Falcon е еден од најпрепознатливите вселенски летала од филмовите. Најверојатно и во новиот дел на Star Wars бродот ќе има значителна улога, но тоа ќе го дознаеме подоцна.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед