Зукерберг: Направивме еден куп грешки

„Најголемата порака која ја слушаме е дека луѓето сакаат поедноставна контрола за нивните информации. Едноставно кажано, повеќето од вас мислат дека нашите опции се комплицирани. Нашата намера беше да ви дадеме контрола врз секоја поединечна приватност; но тоа не е што повеќето од вас бараа. Ние само го промашивме тоа.“ вели Зукерберг.

Оваа колумна се појавува по имејл дописката меѓу Зукерберг и Роберт Скобле кој ги објави мејловите на својот блог. Во нив Зукерберг јасно наведе дека „направивме еден куп грешки“

„Направивме еден куп грешки, но се надевам дека на крајот сервисот ќе стане подобро место и дека луѓето ќе разберат дека нашите намери се на правото место и дека ќе одговориме на барањата на луѓето.“ пишува основачот на Facebook.

Зукерберг најави нови поедноставни опции за приватност, наведувајќи дека корисниците ја имат контролата кои информации се споделуваат, и дека Facebook не ги дава личните информации на рекламните агенции.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
21 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
name
name
16 years ago

Виктор, дали воопшто се читаш што пишуваш? Дали навистина мислиш дека Facebook некому, квалитативно, му го подобрува животот? Ако размислуваш во таа насока тогаш сочувствувам со тебе; ако си во право тогаш тој осамен и оддалечн живот нема ништо општо со социјалноста. Но, сепак, ќе се согласиме во една работа – дури и во светот на парадокси секој има право на сопствен избор.

gdamjan
gdamjan
16 years ago
Reply to  name

@name,
тоа е друго прашање и треба да си го одговори секој за себе

name
name
16 years ago
Reply to  gdamjan

Тоа „друго“ прашање е веќе наметнато погоре, како и поголем број на други такви. Но, по твојата логика на помал отпор, секое прашање би била/ќе биде индивидуална/релативна материја.

@ViktrArs
16 years ago
Reply to  name

„Дали навистина мислиш дека Facebook некому, квалитативно, му го подобрува животот?“

Да. Колку повеќе луѓе споделуваат информации, толку повеќе учат за светот околу себе. Макар и 1 паметно нешто од 100 глупости е добро. И второ, подобро некој да виси на ПЦ и интернет каде работите се интерактивни одошто да потроши пасивно 5 часа пред ТВ.

Ако грешам, тогаш објасни ми како 400, сега и 500 милиони луѓе се на Фејсбук? Како стигна до тој вирален ефект сите да сме на таа мрежа? Ако е лоша тогаш пола милијарда луѓе се луди?

Ванчо Орданоски

***** НАЈНОВИ ВЕСТИ *****
Доста пренемагање и грицкање нокти дали сте добро конектирани, chill out, откажете ги сите глупи акаунти и пробајте ја ***НАЈНОВАТА СОЦИЈАЛНА МРЕЖА***.
Се нарекува „Телефонски именик“ (на англиски „Phonebook“). Со употреба на нејзината search функција, наречена „вртење на страници“, веднаш можете да ги видите основните детали на секој контакт кој ви е потребен. Потоа, откако сте го дознале ID-то на контактот (наречен „телефонски број“) , му се јавувате и се среќавате.
Комуникацијата е во real-time, со извонредно 3D искуство и 7.1 surround звук. Имате бесконечен bandwidth и оптичка конекција. Мултитач со тактилен фидбек. Нема да верувате колку е квалитетна сликата! Милијарди бои, ултра-брз „екран“, а — што е особено добро за помалку вештите — се управува со говор. Не се потребни тастатура, глувче, 3D-очила …
Највисока можна технологија.

Што е најдобро кај оваа социјална мрежа? Бесплатна е, а можеби тактилниот фидбек ќе ви овозможи конечно да пипнете нешто живо женско (или машко, кому како му одговара) :-)

@ViktrArs
16 years ago

:) пошта, именик и имејл? не функционира светот така денес.

„Со пријателите се „комуницира“ лично — тоа се нарекува разговор.“ А со 300, 500 или 1000 пријатели на Facebook можеш да комуницираш лично?

Не ме сфаќајте погрешно, не го бранам Фејсбук, но Можеш со сите да споделиш фотографии, YouTube видео, линк и други интересни нешта? Не, затоа се добри друштвените мрежи. И затоа ќе продолжиме да ги користиме.

До пред 5 години комунициравме преку телефон, преку едно-насочен медиум т.е тв, преку именици… и комунициравме само со мала група луѓе. Пријателите ни се секогаш тука да, но денес разговараме со сите. И добиваме покани за журки/настани каде може да се сретне женско или машко.

и btw разговор со телефон е поскап него facebook, ако планираш да разговараш со 100+ луѓе секој ден :P

Ванчо Орданоски
Reply to  @ViktrArs

Нагласокот е на последната реченица: тактилниот фидбек е извонреден! :)

Но, кому му требаат 100+ разговори дневно? Треба и да се работи!

Ванчо Орданоски

Во скоро сите дискусии за/против социјалните сајтови, аргумент број 1 на пропонентите им е „ќе комуницирам со пријателите“.
Пфффт!
Ако сте спаднале на тоа да „комуницирате“ преку некаков си сајт — длабоко сте (с)паднале. Со пријателите се „комуницира“ лично — тоа се нарекува разговор.
На оние што се далеку, ионака не им е особено важно да знаат колку пати сте прднале денес (да простите), а за сето останато (кој се родил, кој умрел) доволно добар е емаил (да не кажам писмо по пошта).

@ViktrArs
16 years ago

Да, се сложувам комплетно . Но поголемиот број корисници на Facebook се луѓе кои не би побарале подобар сервис бидејќи не го разбираат. Повеќето од нивните пријатели се на Facebook, па можеби јас и macstr1k3r (коментар погоре) нема да изгубиме ништо со деактивација. Го деактивирав еднаш не ми беше проблем.

Но други кои ги интересираат слики од забавата вчера за да оговараат ќе изгубат многу. Тие се луѓето кои имаат проблем да ги сфатат условите за приоватност, ако ги читаат воопшто или пак тие се корисниците за кои Facebook прави поедноставни опции за приватност.

Нив, Facebook им понуди многу, ги „навлече“ што би се рекло, и сега сака да си игра со нивната приватност. :)

gdamjan
gdamjan
16 years ago
Reply to  @ViktrArs

тоа е кај сме најкриви ние, таканаречените IT експерти, што не сме објасниле на време, што не не слушаат, што немаме консензус меѓу нас, што одиме по линија на помал одмор, итн.

ај може за некоја генерација природно ќе се сфаќа што е тоа отворена мрежа, генеративна технологија и сл.

gdamjan
gdamjan
16 years ago
Reply to  gdamjan

отпор (wtf) :)

@ViktrArs
16 years ago
Reply to  gdamjan

word! :)

@MartinMarkovski
16 years ago

Зашто и понатаму користите Facebook ако имате толку многу проблеми со приватноста? Многу е просто, направете профил, земете го vanity url-то што го сакате за да не се претставува некој како вас и деактивирајте го профилот.

Viktr Ars
16 years ago

Но… ќе изгубам контакт со моите пријатели? Тие неколкумина битни ми се на скајп, но што со останатите 500?

@MartinMarkovski
16 years ago
Reply to  Viktr Ars

Mail, Twitter, Google Reader, некој сервис за IM и тоа е тоа, доволно за делење на информации. Ако изгубиш контакт со пријателите затоа што немаш фејсбук тоа е показател дека не ти се навистина пријатели.

@ViktrArs
16 years ago

A што со пријателите кои се ИТ нубс, кои имаат само facebook, пример тетка ми од странство? Пријател од друг град? А слики од ново родено дете, oдмор? :) Те сфаќам комплетно, но тоа што Фејсбук го направи е што ги закачи сите, ги поврза на сервисот и сега има што да изгубиш ако немаш активен профил.

@macstr1k3r
16 years ago
Reply to  @ViktrArs

Таквите пријатели се многу малку може да се каже дека нема човек што има fB а нема мсн. И јас тебе те разбирам али може да ми кажеш што губам јас што го избришав профилот?? нема да видам некоеја цурица у бикини и после нема да можам да ја оговарам…

@MartinMarkovski
16 years ago
Reply to  @ViktrArs

Се сведува на тоа дека е твој избор дали ќе имаш Facebook или ќе немаш. Кога кликаш "I accept the TOS" го губиш правото да се буниш колку не чинат прилагодувањата за приватност. Си се согласил со тоа и толку. Ако не ти одговара немој да го користиш.

Darko Buldioski
16 years ago

Ах пуст PR, како добро работи :)

Ванчо Орданоски

Да прецизирам, ова во PR-от се нарекува „damage control“.

Планината грешки изнервираа многу корисници на Фејсбук, заедно со неколку клучни opinion-maker-и. И тоа ќе му се удри од глава.
Цукерберг (Зукерберг?) може да се надева на инерцијата уште извесно време, а потоа ќе почне осипувањето на корисниците. Според мене, не (само) заради промашувањата со приватноста, туку највеќе поради самата причина зошто Фејсбук воопшто стана тоа што е – помодноста и „психологијата на стадо“.

Да не го жалиме Марк. Ќе се пензионира како многу богат пропаднат претприемач, можеби ќе си купи некој кошаркарски или хокеарски клуб и ќе се натпреварува со останатите нему слични колку кино-сали има неговата јахта. :)

Darko Buldioski
16 years ago

Нема алтернатива. Да имаше, т.е. кога ќе има ќе се осипуваат луѓе, нормално е тоа.

Марк нема никој да го жали. :) Ќе стане инвеститор во Силиконската и ќе терааат генерации и генерации со неговите пари :)