0 коментари 1 мин. читање

ZType е едноставна, но забавна игра со пишување зборови

Што се случува кога ем сакате вселенски игри со уништување бродови, ем сакате да пишувате? ZType е веб сајт кој ве мотивира да научите да пишувате побрзо така што ги комбинира баш овие две работи!

Вашиот брод се наоѓа на долната страна од екранот, а најразлични зборови паѓаат од горната страна. Ваша задача е да ги напишете зборовите кои паѓаат за да вашиот брод благовремено ги уништи непријателите. Стазите се кратки, но секоја наредна стаза е за нијанса потешка. За среќа, на располагање имате и специјални EMP бомби кои ги уништуваат сите непријатели од непосредна близина.

Покрај тоа што ZType е достапна на веб сајтот, слична верзија имате и за iOS, но искуството при пишувањето на виртуена тастатура е значително поразлично од пишувањето на физичката.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Мени
Заедница
Изглед
To top