Од Hewlett-Packard кои сакаат да инвестираат во софтвер, наместо во PC пазарот, до Google кој го купи Мotorola Mobile, до Zynga и Amazon, сите овие компании се софтверски компании кои моментално го диктираат темпото на пазарот, објаснува Марк Андресен, ко-основач на првиот интернет прелистувач Netscape и ко-основач на Andreessen-Horowitz, компанија која инвестира во Facebook, Groupon, Skype, Twitter, Zynga, Foursquare и многу други.
Во својот текст објавен во Wall Street Journal, г. Андресен вели дека денеска дури и со музичката индустрија владеат софтверски компании, дека „традиционалните издавачки куќи служат да им обезбедат содржина на софтверските компании“ како iTunes на Apple, Spotify и Pandora.
„Најдобрата компанија за филмска продукција во последниве декади, Pixar, е софтверска компанија. Disney – Disney! – мораше да го купи Pixar, софтверска компанија, за да остане релевантна компанија за анимирани филмови.“
Фотографија, филм, музика, целата забавна индустрија, онлајн продавници и другите бизниси… сите се придвижувани напред од софтверските компании. Најбрзо растечката телеком компанија е Skype која Microsoft, исто софтверска компанија, ја купи за неверојатни 8.5 милијарди долари!
„Софтверот исто така јаде и голем дел од индустријата која главно опстојува во физичкиот свет. Во денешниве автомобили моторот е воден од софтвер, ги контролира безбедносните опции, ги забавува патниците, се водат возачите до дестинации и се поврзува секој автомобил со мобилните уреди, сателитите и GPS мрежите.“, вели г. Андресон додавајќи дека софтверот станува важен и за нафтените компании кои се повеќе го користи софтверот и суперкомпјутерите за визуелизација и анализи.
Ова исто важи и за земјоделството, медицината, образованието…
„Благодарение на софтверот, индустријата на финансиските услуги во последниве 30 години видливо се трансформираше. Практично секоја финансиска трансакција, од некој кој купува кафе до споделување трилиони долари за државни долгови се прави преку софтвер.“
Проблемот моментално, вели г. Андресон, е што се уште во САД и во остатокот од светот нема доволно образовани таленти кои би се вклучиле во сите нови компании кои ќе ја предводат софтверската револуција. Проблем е што многу луѓе надвор од софтверската индустрија ќе останат без работа. Но, ова е време на можности кои ќе можат да се освојат со едукација и креативност.
Целиот текст на г. Андресон ќе го најдете на Wall Street Journal.








ova prevodov google translate…
Неколку spelling errors.