Зошто е сега одлично време да ја играте Wartales

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг

Ако едно е сигурно, тоа е дека нема многу игри како Wartales. Развојното студио Shiro Games се има потрудено да понуди исклучително уникатна игра која се одликува со впечатливи RPG механики во еден огромен средновековен универзум. Wartales беше добри три години дел од раниот пристап на Steam. Иако финалната верзија излезе минатата година, тоа никако не значи дека тимот седеше цело време со скрстени раце. Но, зошто да ја играте Wartales баш сега?

Љубов кон истражување и turn-based битки

Грубо кажано, Wartales е игра во која истражувате отворен свет полн со непредвидливи опасности. Со сопатниците кои ги регрутирате, навлегувате во turn-based битки и собирате награди. Но, Wartales е многу повеќе од тоа, принудувајќи ве да мислите дека играте невообичаен хибрид помеѓу Mount and Blade и Xcom.

Приказната не е силна страна во оваа игра, но истражувањето и битките се исклучително добро изведени. Голем дел од настаните се одвиваат на големата, светска мапа низ која ја движите вашата дружина и започнувате квестови. Покрај ова, можете да посетувате градови и да тргувате, да крадете од караваните, да крадете низ куќи, да ловите риби, да цепите дрвја, да обработувате руда и еден куп други активности.

Сите овие работи допринесуваат до едно комплесно и секогаш свежо искуство. Доколку ви „легнат“ механиките во Wartales, нема здодевен момент. Во моменти кога ќе навлезете во некоја битка, светската мапа се заменува со теренската, со што започнувате со издавање наредби кои запазуваат редови. Единиците со кои управувате припаѓаат на најразлични класи и се одликуваат со уникатни способности.

Во случај да уживате во собирање и користење најразлични сопатници, Wartales ќе знае како да ви излезе во предвид. Како напредувате низ играта, така ги надградувате и вашите сопатници, отклучувате најразлични нови способности, собирате корисна опрема и вршите најразлични прилагодувања поврзани со специјализацијата, за да можете подобро да ги користите на бојното поле. Поради комплексните можности за индивидувално уредување на ликовите, многу лесно се приврзувате со нив и нема да сакате никако да ги изгубите.

Имајте во предвид дека битките навистина не се лесни и почесто ќе губите, отколку што ќе победувате. Борбениот систем е лесен за разбирање, но не ве ниту мази ниту држи за рака. Доколку не сте спремни како што треба, доколку имате гладни или повредени сопатници со несоодветна опрема, бидете спремни да се соочите со пораз од епски пропорции.

За крај, би сакале да потенцираме дека Wartales има одличен ко-оп режим, што значи дека не мора сами да поминувате низ оваа средновековно лудило. На кратко, ја пробавме играта со пријател и, мора да признаеме, искуството е подобро и повпечатливо кога со заеднички сили ќе пробате да решите квест.

Бројни надополнувања и додатоци

Годината по излегувањето на играта, беше искористена од студиото за исфрлање многу бесплатни надополнувања, како и неколку платежни експанзии. Неодамна, на 10 декемви, излезе бесплатно надополнување со платежната експанзија The Skelmar Invasion. Бесплатното надополнување ги поместува границите за левелување, но и воведува нови специјализации во играта. Покрај ова, ќе наидете на повеќе опции за интеракција и поразнолики мапи низ светот, како и низа други подобрувања и исправки на багови.

Паралелно со ова, најновото DLC, The Skelmar Invasion, ја проширува приказната со нови квесто кои се распространети низ нов регион. Покрај ова, играчите ќе може да експериментираат со целосно нова класа и да ги проверат новите способности, предмети и вештини на нови непријатели. Новата класа, crossbow, се одликува со уникатен начин за играње кој особено ќе ви користи за време на маханиките поврзани со опсада.

Претходните платежни додатоци не беа кој-знае-што, но The Skelmar Invasion воведува долго-посакувана свежина и успева да ги задоволи и гејмерите кои по првпат навлегуваат во оваа игра и долго-годишните ветерани. Дефинитивна препорака доколку сакате да навлезете во непопустливиот свет со нова класа и нови механики за опсада. За жал, приказната и овој пат нема да ве импресионира, но останатите елементи се повеќе од доволни за впечатлив престој.

Повеќе детали за играта

  • Произведува: Shiro Games
  • ИздаваShiro Games
  • Жанр: RPG
  • Платформа: Microsoft Windows
  • Излезе на: 10 декември 2024

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk