0 коментари 2 мин. читање 28 јануари, 2019

Жените се навредувани онлајн на секои 30 секунди

Дека на жените не им е сјајно онлајн сведочи и најновото истражување на Amnesty International. Според оваа организација за човекови права, само минатата година биле пратени над 1.1 милиони твитови со навредливи содржини упатени кон жените. Таквото нешто се сведува на по две навреди секоја минута.

За да ги добијат овие статистички податоци, организацијата користела напредни AI алгоритми и софтверски алатки за копање низ милионите твитови кои биле испраќани на жени во САД и Обединетото Кралство. Во предвид биле земани и новинарки од најразлични публикации како и жени со изјаснети политички видувања.

Подлабоко анализирање на бројките покажува дека на жените им се праќале исклучително непријатни твитови независно од тоа дали припаѓале на левицата, или десницата.  Припадничките на белата раса биле за 34% помалку навредувани онлајн, за разлика од жените од црната раса и припадничките на етнички малцинства.

Истражувањето, меѓутоа, успева да наслика прилично ограничена слика, и не успева целосно да го открие процентот на жените кои се малтретираат онлајн на дневно ниво. Таквото нешто се должи и на тоа дека таргет групата била првенствено жени од политички и новинарски круг. Од друга страна, меѓутоа, лесно може да се заклучи со какви предизвици се соочуваат жените со повисоки профили.

Со објавување на истражувањето, организацијата уште еднаш упати апел до Twitter да проба да го спречи ваквото малтретирање, без да ја загрозува слободата на говорот што, според нас, е еквивалентно на заробување молња во тегла.

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top