„Sous vide“ е начин на готвење на храната, со кој јадењето се вакумира и се остава да се готви во вода. На овој начин, храната не впива дополнително вода; температурата на водата е иста насекаде, па храната се вари рамномерно. Трикот е во постојано одржување на температурата на водата на посакуваното ниво; благодарение на технологијата ова е поедноставно од кога и да е.
Стартапот Sansaire е првиот кој започна со паметни „sous vide“-шпорети, со Kickstarter кампања во 2013. Со овој начин нема потреба од премнoгу памeтни функции (јадењето не може да загори), но температурата на водата мора да се одржува константна. Првиот „шпорет“ на Sansaire, го овозможуваше токму ова. Сепак, паметните телефони напреднаа, па готвењето може да биде и поедноставно. Новиот уред кој е во Kickstarter кампања, овозможува контрола со апликација, избор на јадење, аларми и нотификации.
Јадењата вообичаено се готват околу еден час, но со оглед на тоа дека Sensaire Delta готви самостојно, на корисникот му остануваат 10-15 минути за последното приготвување. За таа прилика овој пат компанијата превиде пламеник на кој ќе може да се потпече месото.
Досега на Kickstarter донираа 555 поддржувачи, со околу 90,000 долари. За реализација се потребни 100.000 долари. Со оглед на тоа дека остануваат 29 дена, извесно е дека проектот ќе се реализира. Цената на „шпоретот“ во Kickstarter кампања започна од 100 долари, а сега е на 150 долари. Со оглед на тоа дека ручекот никогаш повеќе нема да ви загори ова изгледа на сосем фер цена.







