Малициозен Twitter акаунт контролира Android направи

Според неодамнешен блог пост од ESET, се има појавено нов вид малициозен софтвер кој ги користи потенцијалите на Twitter да контролира Android базирана направа како бот нет. Таканаречениот Twitoor и неговиот тројанец си седат мирно сѐ додека не добијат прецизни наредби од малициозна Twitter сметка. Штом излезат од хибернација, стапуваат во бот нет фаза и можат да преземаат и инсталираат апликации без ваша дозвола, а чија цел е кражба на чувствителни податоци.

Се верува дека апликацијата е во постоење веќе месец дена и дека иако не може да се преземе од Google Play продавницата, направите најверојатно се инфицираат или од текстуални пораки или од малициозни URL линкови.

„Користење Twitter наместо конвенционалните сервери за команда-и-контрола е крајно иновативно за еден Андроид ботнет“, објаснува Лукас Стефанко, истражувачот од ESET кој прв ја пронашол апликацијата. „Ваквите комуникациони канали се тешки да се откријат и уште потешко да се блокираат целосно. Во иднина може да очекуваме злонамерните луѓе да ja искористат и можноста на Facebook статусите или пак слични социјални мрежи“.

За крај, Стефанко се согласи дека „Twitoor е уште еден пример за тоа како сајбер криминалците продолжуваат да се иновативни, а интернет корисниците и понатаму треба да ги обезбедуваат нивните активности со добри безбедносни решенија како за компјутерите, така и за мобилните направи“.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments