1 коментар 2 мин. читање 20 ноември, 2017

Згаснуваат серверите на Master X Master

Master X Master е релативно солидна MOBA игра која се одликува со 30 моќни херои од NCSOFT игрите како Blade & Soul и Guild Wars 2, како и некои сосема нови. Со разнолики PvE и PvP модови, Master X Master се трудеше да излезе од сенката на Dota и Heroes of the Storm и да понуди сосема ново ниво на стратегија и тактики.

Колку и да се трудеше, студиото не успеа да создаде доволно профит за да продолжи со понатамошниот развој на играта и, како гром од ведро небо, изјави дека серверите ќе згаснат во јануари 2018 година.

Од денеска нема да може да се купуваат работи со вистински пари, а сите играчи ќе можат да ги отклучат сите содржини бесплатно, без какви било рестрикции, се до 31.јануари. Така да, доколку се логирате во играта, ќе забележите дека на сметката имате 500,000 X-Coin, што е сосема доволно за целосно отклучување на содржините. Дополнително, сите модови се отклучени и се достапни во кое било време.

На оние кои потрошиле пари во играта од 30.август до 16.ноември ќе им бидат вратени парите во следните две недели.

„Навистина сме благодарни на заедницата која се приврза за MXM, како и за поддршката“, објаснуваат од студиото, „Со MXM сакавме да го ревитализираме MOBA жанрот и да привлечеме играчи кои ќе сакаат целосно да ги тестираат нивните вештини. Но, на крајот, тоа не беше доволно.“

Avatar photo
Напишано од

Мартин Јованчевски

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Јоцо
8 years ago

nisto od ncsoft RIP Lineage Eternal

Мени
Заедница
Изглед
To top