0 коментари 2 мин. читање 20 ноември, 2017

Овој викенд во Гоблин: Последен турнир од Hearthstone лигата пред финалето и поглед на новата експанзија

Овој викенд љубителите на Hearthstone ги очекува екстра забава во Гоблин. Освен последниот турнир од Хартстоун лигата пред големото финале, посетителите ќе може да анализираат и да теоретизираат околу картите од следната експанзија Kobolds & Catacombs.

Сите кои нема да учествуваат во лигата, а сакаат да играат, ќе можат да учествуваат во Fireside Tavern Brawl – A Spirited Competition.

Правилата за учество се стадардни и на учесниците веќе им се познати. Се игра стандард, 4-5 кола по швајцарски систем со Топ 4. Сите учесници ќе играат со 2 дека, по еден од две различни класи.
Победникот ќе биде подобар од 3 или со две добиени партии, по една победа со двата дека. За пријавување потребно е да испратите име, презиме и „battle tag“ на [email protected].

Турнирот ќе се одржи на 25 ноември, сабота и почнува 14:00 ч во Гоблин. Повеќе податоци на Facebook-страната на настанот.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top