FBI ја демантираше веста дека AntiSec ги украле идентификационите броеви за iPhone и iPad од комјутер кој припаѓа на бирото, јавува All Things D. Бирото вели дека комјутерот на нивниот агент од кој наводно се симнати податоците не е хакиран, но и дека нема податоци за UDID броеви на Apple уреди.
Statement soon on reports that one of our laptops with personal info was hacked. We never had info in question. Bottom Line: TOTALLY FALSE
— FBI PressOffice (@FBIPressOffice) September 4, 2012
Но, хакерите познати како AntiSec (име на здружена операција на Anonymous и LulzSec од пред една година) се заканија со објавување на останиот дел од 12-те милиони податоци кои наводно ги имаат. Ако FBI ја зборува вистината и податоците не се дојдени од нивниот комјутер тогаш се поставува прашањето, од каде се овие податоци и колкава е нивната веродостојност?
Also, before you deny too much: Remember we’re sitting on 3TB additional data. We have not even started. #funtimes #fff
— AnonymousIRC (@AnonymousIRC) September 4, 2012
Дали и колку е веројатно дека FBI ги кријат податоците или воопшто не се свесни за пробивањето на лаптопот за кој станува збор? AntiSec објави дека сите Apple уреди чии сериски броеви се објавени имаат инсталирано иста апликација. Иако AntiSec не објави за која апликација станува збор најголем број од корисниците се обидуваат да погодат и засега, омилена осомничена апликација е Facebook за iOS, иако сепак нема никаков доказ за ова.
People whose UDID was on the list released by AntiSec might want to compare their installed apps. A common culprit might be found.
— AnonymousIRC (@AnonymousIRC) September 4, 2012
Во моментов најинтересно прашање е кој ќе докаже дека ја зборува вистината, иако се чини дека FBI можат да изгубат повеќе. Ако пробивањето е вистинско, а не се пронајдени докази ќе се постави прашање за квалитетот на нивните безбедносни експерти. Но уште поважно е зошто би биле потребни сериските броеви на Apple уредите на FBI?
Сепак AllThingsD потсетува дека ова нема да биде прв пат Anonymous погрешно да ги процени податоците кои ги имаат, потсетувајќи на пробивањето на NATO кое се покажа безопасно по безбедноста.