1 коментар 1 мин. читање

Земајте микро-паузи со Workrave и заштитете го вашето тело од претерана работа на компјутер

Уште само пет минути. Оваа фраза не е само карактеристична за turn-based стратегиите како Civilization. Живееме во модерно време кога, за многумина, единствениот недофатлив луксуз е самото време. Хипнотизирани од светлите монитори и втурнати во трката за апсорбирање море од капка, често забораваме дека, иако мозокот може, телото е неспособно да издржи подолго губење во комфорот на дигиталните светови.

Не земањето чести паузи може значително да ги оштети очите, а телото да развие RSI – здравствено нарушување кое предизвикува проблеми во мускулите, тетивите, па дури и нервите.

Workrave е едноставен програм со света мисија. Ја надгледува вашата активност со тастатурата и глувчето и ве потсетува кога е време да земете микро-паузи или пак подолг одмор. Секоја молба за пауза може да биде прескокната од вас, но прескокнете повеќе и програмот ќе започне агресивна кампања со неуморно инсистирање да прекинете со работата.

Во поглед на прилагодувања, Workrave ви дозволува да одберете колку често да се појавуваат потсетници, како и колку долги да се паузите. На располагање имате и бројни вежби кои можете да ги правите додека одморате пред вашето PC.

Workrave одамна нема здогледано надополнување, но она што има – служи беспрекорно на сите работохолици.

Напишано од

Мартин Јованчевски е автор соработник на IT.mk. Долгогодишен рецензент на игри, програми и на сè што се осмелува да оди рака-под-рака со дигиталното.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top