0 коментари 2 мин. читање 16 јули, 2018

Решението за тастатурите на MacBook кои се расипуваат е силиконска прекривка

Минатата недела Apple ги претстави надградените верзии на 13 и 15 инчни MacBook Pro компјутери.

Еден од деловите кои се надградени, но не беа во фокусот, е тастатурата. Ова и не е толку неважно, имајќи предвид дека претходната верзија имаше проблеми со тастатурите кои се расипуваа.

Промените на тастатурата прв ги забележа iFixit, додека ја правеа својата рецензија на уредот. Она што е променето е дека тастатурата сега е покриена со силиконска прекривка која ги спречува и микрочестичките да ја нарушат работата.

Компанијата е во групна тужба поради проблемите со новите „пеперутка“ тастатури. Во 2017 година компанијата го промени дизајнот, а копчињата по оваа надградба станаа значително понежни. На тастатурите им пречи и мала прашинка и тие престануваат да функционираат, велат тужителите. Она што е проблематично е тврдењето дека компанијата знаела за дефектот уште пред да почнат да ги продаваат компјутерите.

Како промената на дизајнот ќе влијае на тужбата не е потполно јасно. Но, можно е тужителите да се обидат и да го искористат редизајнот како доказ дека нешто не е во ред со тастатурите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top