0 коментари 2 мин. читање 20 април, 2016

Zeitgeist Bike вели дека го направиja „Тesla меѓу велосипедите“

Zeitgeist е производител на електрични велосипеди кој за себе вели дека се „Tesla меѓу велосипедите“, а нејверојатно се во право, пренесува The Next Web. Велосипедот им помага на возачите во нивното возење, но нема да вози наместо нив, па возачите ќе треба малку да се испотат да стигнат каде што наумиле. Поради ова батеријата е доволна за 126 километри, а електричниот мотор кој е вграден е со моќност 500W.

Велосипедот доаѓа со батерија што разбирливо го прави да биде потежок. Затоа од Zeitgeist овозможија батеријата да може едноставно да се извади со што велосипедот станува „обичен“. Со оглед на тоа дека велосипедот е целосно изработен од јаглеродни влакна, додадената тежина од моторот нема да биде проблем, посебно што најголем дел од тежината отпаѓа на батеријата.

Велосипедот сепак не е евтин и во претпродажба чини 4.000 долари, а во продавниците ќе доаѓа за 5.000 долари. Првите велосипеди ќе започнат со достава на 19 мај, а последните ќе бидат доставени пред 18 јуни.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top