Европската комисија го обвини Google за злоупотреба на својата доминантна положба на пазарот, а доколку не ги исполни барањата на комисијата за 12 недели, Google ќе треба да плати казна, која може да достигне до 7.4 милијарди долари.
Некои од функционалностите на Google се навистина добри, па корисниците поради ова и ги користат, но дел од можностите на оперативниот систем им се „истураат“ на корисниците, а Google ја злоупотребува својата позиција на пазарот, вели Европската комисија.
„Google креирал стратегија да ја задржи и заштити својата позиција во пребарувањето, ова е постигнато со ограничувања на производителите, но и на мобилните оператори.“
Google дозволата за користење на Android оперативниот систем кај производителите ја дава со барање за инсталирање на апликации и сервиси.
Дел од овие апликации се Google Play и YouTube, но инсталацијата на Google Play e најпроблематична, бидејќи за да може да доаѓа преинсталирана на телефонот, производителите мора да инсталираат уште 10 други апликации, помеѓу кои се:
- Google Maps,
- Google Hangouts,
- Google Chrome,
- пребарувачот и
- YouTube.
Ова важи единствено за првата инсталација, а по продажбата корисникот може како сака да го менува својот телефон.
Дополнително секој производител може да инсталира колку сака различни апликации, но апликациите на Google мораат да останат „први“.
„Оваа загриженост ја сфаќаме сериозно, но веруваме дека нашиот бизнис модел им овозможува на производителите на трошоците да бидат ниски, што овозможва поголема флексибилност. Корисниците пак имаат целосна контрола врз мобилните уреди.“, вели Google на својот блог.
Коментари
1 коментар
Коментарите се затворени.