Судењето меѓу двата гиганти продолжува, иако поротата од федералниот суд во Сан Франциско донесе одлуката дека кодот на Google Android е премногу сличен со API-јата на програмскиот јазик Jаva, чии авторски права ги држи Oracle.
Ова значи дека Google морал да побара дозвола и да плати лиценци за користењето на Java API-ја за својата мобилна платформа. Но, ова не значи дека Oracle ќе ги добие милијардите долари оштета кои ги бара, ниту дека Google го изгуби случајот.
Поротата на ова комплексно судење е заглавена во дискусијата меѓу фер користењето на Јava АPI-ја и прекршување на авторските права. Google дефинитивно ги прекршил авторските права на 37 Java API-ја, но поратата составена од луѓе со секојдневни професии, некои воопшто не запознаени со програмирање, не може да се согласи меѓусебе дали ова користење е „фер користење“ според американските закони кои дозволуваат прекршување на авторските права на креативното изразување, пример книги и софтвер, но во умерени рамки.
Google рече дека ја почитува одлуката на поротата, но тоа нема да ги запре да продолжат со спорот, велејќи дека судењето било неуспешно. Google нема да мора да го променува Android, што е добра вест за гигантот кој продаде 300 милиони Android телефони до сега.
Oracle, кои се сопственици на Java откако го купија оригиналниот креaтор Sun Microsystems, велат дека „секоја голема компанија – освен Google – има лиценца за Java“.








Значи, тие што судат (поротата), изглеа не се свесни со каква одлука си играат, т.е. немаат појма дека тоа е прво од таков вид и ќе влијае врз другите играчи (во случајов програмски јазици, во најголем дел). Пред да кренат рака за или против, мислам дека малце треба да отворат некоја книга да прочитаат, зашто ова не е класично убиство, па ајде, од кои мотиви, па како се пукало, и сл, или некоја финансиска измама, па си прапишал некој пари на своја сметка и крај, документите се тука, тоа е се.
Со ова не алудирам дека навивам за Гугл или Оракл, туку чисто не ми е сватливо, собрале луѓе од улица, и ајде ќе одлучуваме. Исто како и за Пајрејт Беј во 2009-та, судијата немаше појма (а треба да има) што се случува, односно не знаеше ни т од технологија, исто и за тогашниот обвинител.