Интернетот ќе забави заради старата опрема, предупредува Cisco

2 коментари 1 мин. читање

Брзината на прелистување на Интернет во следната недела можеби ќе биде намалена како последица на замена на стариот хардвер, јави Cisco. Проблемот е со старата опрема која стигна до горната граница по бројот на рутирања. Проблемите се забележани минатата недела и се можна најава дека дел од рутерите веќе не можат да го издржат оптоварувањето.

Проблемот настана бидејќи бројот на податоци во „табелата за рутирање“ се приближува до 524.000, а лимитот на моделите на Cisco е 512К или точно 524.288. „512К доаѓа набрзо на целата Земја и тоа веќе следната недела… Повеќе станува збор за главоболка отколку за глобална опасност за Интернет“, вели Џим Кови во својот блог.

Причина за проблемот е растот на Интернет и неприлагоденоста на опремата која подолго време е присутна. Дел од компаниите како eBay, Comcast и Time-Warner гледаат на ова како на причина за проблемите со прекин на услугите кои ги имаа минатата недела.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед