0 коментари 1 мин. читање 5 ноември, 2018

Збогум Супер Марио, почина Марио Сегал, човекот по кој Супер Марио го доби името

Марио Сегал во 80-те беше успешен италијанско-американски инвеститор во недвижности. Сепак без сомневање ќе биде далеку попознат како човекот кој му го „позајми“ името на Супер Марио.

Популарниот италијански водоводџија оригинално си имаше прилично здодевно име, „Jumpman“. За среќа Nintendo одлучи да му даде соодветно име на карактерот, па компанијата излезе со Марио.

Потврда дека токму неговото име е користено како мотивација за играта дошла од Минору Аракава, претставник на Nintendo кој го воспостави американскиот огранок на компанијата. Во 1993 г. Сегал се пошегувал во интервју за Seattle Times дека сè уште ги чека исплатите за авторски права, пренесе BBC.

Супер Марио е една од најпопуларните видеоигри. Франшизата, заедно со уште неколку други игри ја одржуваат компанијата во „живот“

由JohnnyRRusso – 自己的作品,CC BY-SA 4.0,https://commons.wikimedia.org/w/index.php?curid=48025519

 

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top