Првиот тунел на Boring Company во Лос Анџелес доаѓа во декември

0 коментари 1 мин. читање

Тест тунелот за супер брз превоз на Boring Company од декември ќе биде оперативен. Веста како и вообичаено доаѓа од твитер-профилот на Илон Маск.

Всушност објавата има и нешто подетални податоци. Судејќи по објавата тунелот е ископан, а официјално ќе биде пуштен на 10 декември. Што е направено, а што ќе треба да се доправи не е прецизирано.

Тунелите треба да се искористат за тестирање на Hyperloop превозот. Станува збор за супер брз шински превоз на патници. Во теорија, кабината со која ќе се пренесуваат патниците ќе може да се движи со брзина од 1 220 km/h. Засега максималната постигната брзина е 466 km/h.

https://youtu.be/tfV8z2JY_bI

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top