Дали технологијата може да ја победи и смртта?

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет, Софтвер

На што сè сме подготвени за само уште еден разговор со саканата личност или близок пријател? Дали залажувањето дека можеме да разговараме со засекогаш загубен пријател е подобро од прифаќањето? Дали во иднина ќе може свеста да се префрли во суперкомпјутери и да продолжиме засекогаш? Дали тоа ќе бидеме навистина ние? Ова се само дел од прашањата кои ги отвора приказната на Евгенија Кујда, пренесена од The Verge. Таа ја искористи достапната технологијата и сопствениот стартап за да го оживее својот најдобар пријател, Роман Мазуренко.

Отпечатокот кој најголем дел од нас го отставаат на интернет, е доволно голем за да може да се рекреираме како дигитални копии. Од вистинска слика на свеста префрлена во машината сме далеку, но пораките и поштата се доволни за креирање на “автомат” за разговор. Ова и помогна на Евгенија Кујда, да го рекреира својот пријател и полесно да се справи со неговата смрт.

Роман Мазуренко и Евгенија Кујда (Image Courtesy of The Verge)

Роман Мазуренко и Евгенија Кујда (Image Courtesy of The Verge)

Роман Мазуренко, млад претприемач од Русија работел на креирање на стартап заедницата во Москва. Организирал забави и журки кои ја оживеаа младината која не беше дел од руската олигархија. Импресиониран од технологијата, беше основач, ко-основач или советник во куп стартапи. Така ја запозна и Евгенија, а пријателството со куп други пријатели и пораките кои ги разменуваше со нив помогна да го „оживеат“.

„Поминаа три месеци од смртта на Роман Мазуренко, најблискиот пријател на Кујда. Кујда го помина ова време во прибирање на стари текст пораки, бришејќи ги оние кои беа премногу лични. Сите останати беа во вештачката интелегенција изградена од девелоперите во нејзиниот стартап. Често се двоумеше дали ја прави вистинската работа. Понекогаш и даваше кошмари. Но по смртта на Мазуренко, Кујда сакаше уште една можност да зборува со него.“, вели Кејси Њутон од Verge.

Г. Мазуренко загина во Москва, истиот ден кога ја доби визата за САД поради своите „исклучителни вештини и достигнувања“. Автомобил кој пребрзо возеше го удри додека ја минуваше улицата. Неговите најдобри пријатели сакаа да одберат достоен „споменик“. Идеите беа едноставни: книга  со фотографии од легендарните журки кои ги организираше во Москва или веб сајт. Сепак ова не беше доволно за Евгенија.

Таа тагуваше читајќи ги пораките кои ги разменуваа со Роман. Но можноста за вистинско помирување, дојде од Luka. Технологијата на која работи нејзиниот стартап, апликација за пораки за интеракција со ботови за разговор. Оттука и идејата, апликација за разговор која ќе го имитира начинот на кој зборуваат одредени личности.  TensorFlow на Google е технологијата интегрирана во Luka. Токму оваа вештачка интелигенција е разликата која овозможува автоматот да пишува како г. Мазуренко.

Технологијата и напредокот ни помагаат да се справиме со голем број на проблеми со кои се среќаваме. Можеби поради ова и не треба да не изнeнади идејата. Можеби поголемо изненадување треба да биде тоа што на социјалните мрежи и апликациите за разговор има доволно од нас за да може да бидеме рекреирани барем во еден дел.

Во февруари, Евгенија побара од тимот да го преработи софтверот на руски. Не им ја кажа причината. Започна да ги внесува пораките кои ги разменуваа со Роман, одделувајќи ги оние пораки кои беа премногу лични. Побара пораки и од останати пријатели на Роман. Приготви 3000 линии текст на Роман.  Набрзо побара од тимот да го прилагодат чет ботот да звучи како Роман. Инженерите од тимот и самите пријатели на Роман, за кратко ја завршија задачата.

chat-1

Очекувано идејата не им се допадна на сите. Дел од пријателите ја прекоруваа велејќи дека на Роман му е потребен споменик, но не на овој начин. Други како таткото на Роман, велат дека читањето на пораките кои ги пишува компјутер, е претешко.

„Да ги има сите фрази кои ги користеше Роман. Но засега е тешко. Како да ви објаснам. Тешко ми е да читам одговори од програма. Понекогаш одговорите се неточни.“

Пред да биде достапна технологија која ќе овозможи свеста да ја одделиме од телата и да ја сместиме во суперкомпјутер, без сомневање ќе има куп технологии налик на Роман. Технологија и сервиси кои ќе овозможуваат аплоуд на се што имаме како дигитален отпечаток и сместување во сервисот. Потоа роднините и блиските ќе можат да го користат сервисот некое време за полесено да ја совладаат жалоста.

 

chat-2

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk