Збогум Kinect, Microsoft престанува со производство на контролерот

Avatar img-thumbnail img-circle

во Хардвер

Microsoft најави дека завршува со производство на Kinect. Контролерот кој започна со продажба во 2010 година, за Xbox 360 успеа да продаде 35 милиони уреди. Сепак компанијата по продажбата на постоечката серија, нема да произведува нови контролери.

Kinect оригинално е контролер за Xbox конзолата, иако со повеќе прилагодувања развивачите успешно го прилагодијата и за компјутерите. Токму ентузијастите и истражувачите имаа можеби и најмногу корист од Kinect. Низ светот се појавија неверојатни примери од хакнување на Kinect, пример: 3Д моделирање со раце; контролирање на World of Warcraft; контрола со движење на Gmail, помагало за комуникација по мозочен уред, помош за движење на лица со оштетен вид. Дури и на ФИНКИ беше изработена видеоигра „Завор“ која се игра со Kinect.

Контролерот има RGB камера, Infrared длабочински сензор и 4 микрофони распоредени на различни позиции на уредот, со чија помош се определува локацијата на изворот на звук. Со комбинирање на податоците од овие сензори се добива доста моќна платформа за развој на апликации кои работат врз база на природни кориснички интерфејси. И покрај купот сензори, Kinect беше евтин уред кој на многу развивачи им беше неверојатно корисен.

За се жал, се чини дека од Microsoft не го препознаа интересот на истражувачите и продолжија да го „туркаат“ Kinect единствено за гејминг. Ова значеше дека пазарот за Kinect е ограничен најмногу на купувачите на Xbox. Во 2010 година конзолата и самата имаше проблеми во судирот со PlayStation, и не беше препознатлива како гејминг конзола која доаѓа со одлични игри. Понатаму, ниту развивачите не успеаја да креираат некоја игра која можеше да помогне во преопознавањето на Kinect како незаменлив контролер.

Што се однесува до развивачите, околу 1.000, го користат Kinect во своите лаборатории, пишува Fast Company. Но, со оглед на тоа дека Microsoft по продажбата не заработува од овие корисници, компанијата се откажа од Kinect.

Сепак компанијата не креналa раце од технологијата која го овозможи Kinect, новата верзија V5 на Kinect би можела наскоро да дојде со Hololens.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk