Заврши CodeFu

во ИТ.МК

{mosimage}Во неделата, на 8 јуни, во организација на Netcetera – Скопје, во сајбер-клубот Ентернет се одржа овогодишното финале на натпреварот во програмирање CodeFu. На наша голема радост, првите три места ги освоија нашите студенти – колеги [редоследно]: Панче Чавковски, Никола Постолов и Иван Миланов.


Тие се покажаа како најуспешни Јава програмери во Македонија, победувајќи во конкуренција од 400 заинтересирани натпреварувачи од сите Македонски факултети за ИТ, а со тоа потврдувајќи ја и позицијата на нашиот Факултет на полето на ИТ образованието.

Од првичниот број натпреварувачи, првиот круг го поминаа 80, а во финалето се пласираа 32 учесници. Натпреварот се состоеше во решавање на 5 задачи во програмскиот јазик Јава, распоредени според комплексноста, a според тоа и бодувањето беше различно – од 100 до 500 поени по задача, во зависност од тежината. Натпреварувачите имаа на располагање 3 часа, а кодирањето и тестирањето на решениот проблем се одвиваше најчесто во Eclipse и NetBeans.

Тројцата најуспешни, Панче Чавковски, Никола Постолов и Иван Миланов, добија и патување во Швајцарија на годишната Јава конференција Jazoon, со обезбедени виза, превоз, сместување и влезница за конференцијата.

Им честитаме за победата и им посакуваме пријатен престоj во Швајцарија!
{mosimage}

За повеќе информации можете да ја посетите веб страницата на натпреварот www.codefu.com.mk
Преземено од официјалната страна на ФЕИТ.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk