Зависноста од гејминг сега и официјално е пореметување

0 коментари 1 мин. читање

Светската здравствена организација на почетокот на годината најави дека на листата зависности ќе го додаде и гејмингот. Сега ова е и официјлизирано и на листата на Светската здравствена организација за прв пат се појави и зависноста од гејминг.

Она што треба да се забележи е дека станува збор за класифицирање на прекумерното играње како зависност. Умереното играње секако не е на оваа листа.

За некој да се дијагностицира како зависник треба да исполни некој од трите „услови“:

  • Недостаток на самоконтрола кога играњето видеоигри е во прашање.
  • Зголемен приоритет на гејмингот. Односно гејмингот има поголем приоритет од голем дел од активностите.
  • Продолжување и зголемување на играњето и покрај негативните последици.

Сепак треба да се направи јасна разлика помеѓу гејмери и гејмери зависници. Дури и хардкор гејмерите тешко дека ќе бидат сместени во оваа категорија.

„Милиони гејмери од целиот свет, дури и кога станува збор за интензивно играње никогаш нема да се квалификуваат како зависници. Бројката на ависници е ниска.

Мора да истакнам дека ова е здравствено пореметување, и мора да се направи клиничка дијагноза од медицински професионалци кои се обучени за ова“, вели др. Владимир Познијак за CNN.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top