Сите оние кои бараат адреналински фикс во прво лице, би требало да ги насочат треперливите прсти кон Quake Champions.
Со желба да привлечат што е можно повеќе играчи, Bethesda реши да го продолжи промотивниот период за уште една недела и сите оние кои ќе ја инсталираат играта до 25.јуни ќе можат бесплатно да ја играат цело време додека играта е дел од раниот пристап на Steam. Имајте во предвид дека Quake Champions е замислена да биде бесплатна за играње, и доколку не сакате да ја проверувате незавршената верзија, се што треба е да почекате да излезе финалниот продукт кој, повторуваме, ќе биде бесплатен за сите.
Во случај да сакате да проверите до каде е играта и ви се допадне виденото, од срце ви препорачуваме да си се почестите со Quake Champions Champions Pack. Со 34% попуст, овој пакет ви дава инстантен пристап до сите моментни и идни Quake шампиони, како и три кутии со плен, екслузивен изглед и можност да играте во custom игри.
Наше мислење е дека id Software имаат направено одлична работа со Quake Champions и арена шутери фанатиците дефинитивно не би требало да го заобиколат овој наслов.









Ve molam postirajte pomalku za igri.