Фотографии и видеа од над 200.000 корисници споделени на Snapchat сега се јавни, јави ВВС. Тоа што е уште поголем проблем е што најголем број на споделените фотографии се на малолетни корисници, па иако само мал дел од фотографиите се разголени (100 MB од 13 GB украдени), хакерите и сите кои ги преземаат сликите можат да одговараат за споделување на детска порнографија.
Според Snapchat нивните сервери не се пробиени, туку фотографиите доаѓаат од Snapsaved.com, сервис кој овозможува споделување на содржини од десктоп наместо единствено од мобилни платформи. Се чини дека освен ова сајтот и ги зачувал деталите за профилите на корисниците, како и нивните слики и видеа.
Користејќи ги логините и лозинките на корисниците хакерите успеале да стигнат до профилите на Snapchat и од таму да ги преземат и зачуваат фотографиите. „Може да потврдиме дека серверите на Snapchat не беа пробиени и ние не сме извор на овие фотографии. Snapchatters се жртва на нивното користење на апликација од трета страна кои ги прифаќаат и препраќаат Snaps, прекса која е забранета во правилата за користење токму бидејќи може да ја наруши приватноста на корисниците“.
Иако се чини дека Snapchat не се директно одговорни за споделените фајлови, сепак компанија која има милиони корисници би морала подобро и поодговорно да ги заштити податоците на своите корисници. Портпаролот на компанијата вели дека компанијата постојано ги разгледува апликациите на App Store и Google Play, и иако успеале да отстранат добар дел од нив се чини дека сепак не успеваат да ги отстранат баш сите.







