Затворени Facebook страните од Македонија кои шират лажни вести

Над 30 facebook-страници од управувани од Македонија се затворени. Станува збор за страници преку кои се споделувале лажни вести, јави BuzzFeed.

Причината за затворањето нема врска со лажните вести. Наместо тоа Facebook ги отстрани страниците поради крадење содржина. Голем дел од страниците објавуваат теми од американската политка, но има и такви кои пишуваат за автомобили, коњи и мотори.

Одговорен за содржините е Кристофер Блер, тој е автор на голем дел од статиите кои се крадени. Според него не станува збор за лажни вести, туку за „трол“ статии што ги пишува. Г. Блер ги пријави сите страници за крадење на авторска содржина.

„Се обидов да се договорам да ги лиценцираат содржините кои ги реобјавуват. Услов беше да објават дека текстовите се сатира“, вели г.Блер.

Г. Блер не е единствен кој учествувал во отстранувањето на facebook-страниците. Џејмс Витмор е уште еден автор ја пријави својата содржина.

„Па, да. Можам да потврдам дека либерал троловите кои објавуваа и пријавуваа автoрски материјал на Facebook и на веб се заслужни за крахот на лажните вести во Велес“, вели г. Витмор.

Објавувачите на лажни вести од Македнија се жалат дека не ги нарушиле условите за користење на Facebook. Еден од нив вели дека досега за неколку години за рекламирање и за промоција на страниците потрошил над 150.000 долари. Дополнително, тврдат дека не знаат кој е Кристофер Блер, ниту ја посетувале неговата страница.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
1 Коментар
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
trackback

[…] потикнуваат и 55 Facebook-станици, но друштвената мрежа неодамна затвори дел од нив, и овој број се […]

види ги сите огласи на kariera.it.mk