Понудените опции за мобилни интернет пакети на пазарот кај нас е на задоволително ниво, со тоа што дури пред кратко време цените на истиве започнаа да се намалуваат. Без разлика од кој оператор користите интернет услуги, сигурно ви случило да снемате кредит или да ви дојде висока сметка, поради тоа што сте го пречекориле ограничувањето на пакетот и операторот ви ги наплатил мегабајтите по стандардната цена.
Дури и да не сте претплатени на одреден мобилен интернет пакет, постои можност да го следите или ограничите трошењето со помош на следниве неколку мобилни апликации.
Прва апликација која сакам да ја споменам и која веќе некое време ја користам е Onavo. Апликацијата која е достапна бесплатно за Android и за iPhone паметни телефони, се одликува со прилично едноставен кориснички интерфејс и повеќе функционалности. Onavo extend е верзијата од апликацијата која можете да ја погледнете на видеото подолу, додека Onavo count, е достапна само за Android телефоните и се разликува од претходнава по тоа што не врши никаква промена на големината на примените податоци, туку само врши мониторинг на истите како и на апликациите кои ги користат.
Апликацијата работи во позадина и не ја оптоварува батеријата, а со поставување на рамките, односно големината на вашиот податочен пакет, го започнувате првиот чекор во совесното користење на мобилен интернет и можноста да заштедите некој денар на вашата телефонска сметка.
[youtube]GQYbCPfnQys[/youtube]
My Data Manager од неодамна е достапна и за iPhone OS. Преку апликацијава можете да поставите граница за интернет пакетите и да ја надгледувате статистиката за трошењето на мобилниот, роаминг и безжичниот интернет, со можност на следење на апликациите кои го трошат истиот.
iPhone апликацијата се разликува по тоа што нуди можност локациски да проследите преку мапа, каде и колку имате користено мобилен и безжичен интерент.
Oд другите апликации би ги истакнала:
- DataMan за iPhone OS, ги има истите функционалности за ограничување и следење на мобилен и безжичен сообраќај, со тоа што може да се подесуваат повеќе аларми за предупредување и совесно користење на интернетот.
- DataCounter widget за Android, овозможува приказ на потрошениот интернет сообраќај, без можност на ограничување на истиот во бесплатната верзија.
- DroidStats, прикажува статистика и ограничување не само на мобилниот и безжичниот интернет, туку и на повиците и SMS пораките на вашиот мобилен телефон. Слична ваква апликација е и PhoneUsage.
И на крај, ако не успеете да заштедите на вашата телефонска сметка, барем ќе ја имате статистиката на вашето користење на интернет и останатите услуги на мобилните оператори.
А кај Оне.мк веќе не можете ни да го потрошите интернетот :)
Кај Т, нема прекорачување веќе :), стига смс дека само брзината ќе биде намалена. Инаку, од овие ја користам DataMan и топло ја препорачувам :)