Блејк Бостон е едно обично момче кое на 16 години се обидувало да започне своја рап група, и нормално за секој тинејџер – имал свој, малку поинаков стил на облекување. Неговата мајка која користела MySpace, еден ден го фотографирала својот син и го ставила во својот фото албум на профилот со наслов “Ma Gangsta”…
До некаде нормална приказна… се до оној момент кога корисник на Reddit ја споделува сликата на Блејк и додава текст врз неа “Оди на средношколски забави, а има 25 години” на 21 јануари, 2011 година во обид да се пошегува.

За кратко време, постот на Reddit достигнува над 8,500 гласа и сликата добива на популарност, преплавувајќи ги интернет форумите и сајтовите како 9Gag.
Искористувајќи ја сликата на Блејк за да се пошегуваат со неетичко, арогантно и себично однесување, интернет корисниците досега направиле скоро 50,000 свои верзии.

Но, како се справува Блејк Бостон со сето ова?
Покрај долунаведеното видео интервју во кое може да видите и дел од неговите рекции, Блејк ги изрази своите мисли за интернет мемето и во отворено писмо адресирано до девојката зад мемето кое интернет заедницата популарно го наслови “Annoying Facebook Girl.”
[youtube]mq-ZvbFL96c[/youtube]







