Медицината не е нова индустрија во која се применуваат 3Д принтерите, но наскоро би можеле да имаат посекојдневна улога. Благодарение на новата технологија Carbon 3D забните протетичари ќе имаат полесна работа благодарение на 3Д-принтерите кој наскоро би можеле да изработат „совршен“ заб за само 6,5 минути.
Принтерот наречен CEREC е развиен во Универзитетот Цирих во 2005 година, и овоможува креирање на порцелански заб со помош на скенер и софтвер за 3Д моделирање. Новиот 3Д принтер Carbon 3D исто така овозможува креирање на заби, корнки, лежишта во едно лежиште, вели Quartz.
Вака изработените заби можат да бидат далеку подобри од забите изработени со традиционалните методи, бидејќи може да биде креиран заб кој ќе биде идентичен со заменетиот заедно со сите неправилности, со тоа и попрецизно ќе одговара во вилицата. Истово го прават и забните протетичари, но креирањето на заби и вилици сега ќе многу побрзо.