Конференцијата за друштвен активизам Engage ја отвори регистрацијата за посетителите. Конференцијата е бесплатна, но поради ограничениот број на места, потребно е претходно регистрирање.
Настанот се одржува на 10 јуни, а веќе се познати најголем дел од говорниците. Најверојатно најинтересни говори оваа години ќе бидат настапите на: Биргита Јонсдотир од Пиратската партија на Исланд; Иван Новак од Лајбах кој ќе говори за искуствата од посетата во Северна Кореја; Ирина Гордиенко дописник на весникот Новаја Газета која го откри скандалот со масовното приведување, мачење, а во некои случаи и убивање на ЛГБТ лицата во Чеченија; Ана Биалас член на Change.org; и Михаи Политеану е ко-основач и извршен директор на Иницијатива Романија .
Локална поддршка ќе бидат: авторите на Фчерашни Новости; Никола Писарев, историчар на уметност и археолог, но попрепознатлив по иницијативата „Го сакам ГТЦ“; поетите Ана Голејшка и Ѓоко Здравески организатори на Астрални проекции; и Емилија Митреска од ММСА Македонска Медицинска Студентска Асоцијација.
Сите заинтересирани може да се регистрираат на веб-страницата на Engage.







