Креаторот на Android, Енди Рубин повторно ќе го предизвика Apple

1 коментар 1 мин. читање

Енди Рубин познат како таткото на Android, еднаш веќе го предизвика Apple со креирањето на Android. Сега претставува паметен телефон, кој е предизвик за Apple, но можеби многу повеќе за производителите на Android уреди. Телефонот кој доаѓа од креаторот на Android доаѓа под името Essential.

Дизајнот на новиот телефон е еден од најубавите кои сме ги виделе досега. Главна одлика на новиот телефон е екранот кој е од крај до крај на уредот, со мала дупка за предната камера. Она што можеби не се забележува на прв поглед е недостатокот на лого. Essential доаѓа без никаква ознака.

Телефонот доаѓа со Qualcomm 835 processor, 4GB of RAM и 128GB слободен простор. Камерите се со резолуциија од 13 и 8 MP, и можност за снимање на видео со 4К-резолуција. Дополнително, има простор и за додавање на 360º-камера, но ова ја покачува цената на телефонот.

Цената на Essential e 700 долари и за почеток ќе биде достапен единствено во САД.

Новата компанија можеби доцни на пазарот за паметни телефони, но таман на време е на пазарот на паметни уреди. Essential го претстави Home, директен конкурент на Amazon Echo и Google Home.

Уредот овозможува управување со куп паметни уреди, како звучници, термостати, паметни светилки и слично. За разлика од конкуренцијата Home доаѓа со дисплеј, но и стандардна функционалност за гласовно активирање.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

1 коментар

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед