Hola e додаток за Chrome и Firefox кој ќе ви овозможи да гледате видеа на Hulu, BBC iPlayer, CBS, Netflix, Fox, Pandora и iTV без разлика во која држава живеете. И бидејќи Македонија се наоѓа на таа листа на блокирани држави, овој додаток ќе ви помогне доколку сакате да ја прегледувате видео содржината на некој од овие сервиси и телевизии.
Секако ова можете да го постинете со менување на вашите DNS сервери, VPN или некои proxy сервиси, но со Hola Unblocker можете да направите целосно заобиколување со само еден клик. Исто така, Windows корисниците може да го инсталираат и Hola клиентот кој нуди нешто повеќе отколку самите екстензии за прелистувачите, а достапна е и Android апликација.


Коментари
8 коментари
Коментарите се затворени.