Заработката на Samsung во четвртиот квартал порасна 76 отстo, со што компанјиата постави нов рекорд, јавува Wall Street Journal. Вкупната заработка во последните три месеци е 6,6 милијарди долари што е за 2 милијарди повеќе од истиот период минатата година.
Продажбата е предводена од мобилните и паметните телефони, a Samsung сè уште е нивен најголем производител. Компанијата не излегува со податоци за бројот на продадени телефони, но аналитичарите сметаат дека станува збор за околу 110 милиони мобилни уреди и уште 60 милиони паметни телефони во последното тримесечие. Ако им веруваме на аналитичарите тогаш Samsung во последниот квартал го зголемил бројот на продадени Galaxy S3 уреди за 15 милиони, а за 7 милиони бројот на Note 2 телефоните.
Добрите бројки за компанијата ќе продолжат и во текот на годината сметаат аналитичарите, а растот нa јужнокорејскиот гигант е предизвикан од зголемената профитабилност на процесорите и екраните. На берзата акциите на Samsung бележат пораст од 12 отсто од средината на септември. Во истиот период акциите на Apple паднаа за една третина од својата тогашна цена, бидејќи корисниците веќе не сметаат дека уредите на компанијата се „must have“.
The Best
gj bros!
Sent from my Samsung Galaxy S3